ADTD Агенда
Разменeте искуства, научeте нешто ново и проширете је вашата мрежа. Се гледаме!
Блок 1 | 10:00
Oтворање на конференцијата
Комплетни ИТ решенија на едно место/
Бизнис аспекти на имплементација на BIM
Владимир Крстиќ | Smart Solutions
Во првиот дел од оваа презентација ќе биде генерално претставена компанијата Smart Solutions, авторизиран Autodesk партнер во Македонија. Во вториот дел од презентацијата ќе бидат разгледани бизнис аспектите на имплементацијата на BIM во една организација и ќе бидат одговорени и разгледани следните прашања и теми:
План за имплементација на BIM пилот проект
Визија за BIM
Мотивирачко BIM лидерство
Почнување со BIM пилот проект
Што значи воведувањето на BIM за македонските комании?
BIM?
Марина Глишиќ и Ведран Орешиќ | Tech Data
Што е БИМ? Кои се најчестите стереотипи и дилеми за преминот во БИМ, како да се започне процесот и што можеме да очекуваме на тој пат. За кого сѐ е наменет БИМ и кои алатки можеме да ги користиме? Како да се направат првите чекори и колку време трае имплементацијата.
Дигитализирање на втората најголема болница во Европа
Гоце Чавкоски и Lars Oberwinter | BIM Solutions, Plandata
Пландата ги поддржува компаниите од секоја гранка на градежната индустрија да го најдат својот пат до успешна имплементација и ефективна и профитабилна долгорочна употреба на БИМ и соодветните технологии.
Напомена: предавањето ќе биде на македонски и англиски јазик.
Еволуцијата на БИМ
Зоран Симјановски | CADONIA
Краток осврт на моето искуство со БИМ низ годините 2011 – денес. Приказ на придобивките од воведувањето на БИМ и Ревит во секојдневната пракса. Насоки за подобро и поефикасно воведување на БИМ во работењето. Зошто ние се одлучивме за БИМ и Ревит? Континуирана едукација е клуч за успехот. Влијането на пандемијата на Ковид-19 на позабрзана миграција кон работење он-лајн. Каде ќе се развива БИМ во иднина?
Зошто ние се одлучивме за БИМ и Ревит?
Континуирана едукација е клуч за успехот.
Влијането на пандемијата на Ковид-19 на позабрзана миграција кон работење он-лајн.
Каде ќе се развива БИМ во иднина?
Бим бенефити во градежната индустрија
Орхидеја Малезан | Generic 5D
Генерик 5Д е компанија која постои од 2014 година во Охрид. Ги опфаќа сите сектори во градежништвото вклучувајќи BIM услуги, проектирање, внатрешно уредување и анимација. Се гордееме со своето богато портфолио за клиенти од Велика Британија, Холандија, Германија и Шведска. Со Бим моделирањето и новите технологии се постигнува оптимален сооднос помеѓу трошоците, квалитетот и времетрањето на процесот на градење кој што во градежниот сектор е од особено значење за добивање на економските, техничките, еколошките и општествените продобивки.
Бенефити во изработка на вакви пресметки
Брза и прецизна пресметка на количини на комплексни терени кои се модифицираат во текот на работата и контрола при изведба на градежниот процес.
Scan to BIM – Моделирање според Point Cloud
Бенефити од Point Cloud моделирање
Брзо и прецизно документирње на постоечка состојба на терен, особено на големи историски градби како и компексни машински, електро, телекомуникациски, водоводни и канализациони инсталации како и можност за манипулации и контрола на истите.
Детектирање на судири (clash detection) на конструктивни елементи при градба или судири на MEP на дизајнираниот модел
БИМ бенефити детектирање на судири и однапред минимизирање на ризици (време и финансии) при изведба како и намалување на веројатноста за појава на грешки. Autodesk Naivisworks е софтвер кој го користиме за преглед и детекција на грешки во 3Д моделот
Блok 2| 12:10
Како да започнете проект во БИМ?
Ведран Орешиќ | Tech Data
На почетокот, „БИМ“ претставува користење на Revit првенствено за сопствени потреби – како би станале поефикасни во секојдневната работа. Со текот на времето, ќе се појави потребата за учество во други проекти во БИМ.
Проектирање: пред и во БИМ ерата
Никола Стрезовски | Масон Инженеринг
Занимавајќи се со проектирање и изведба, сфативме дека мораме да направиме сериозна промена во начинот на изработката на проектите.
Транзиција од 2D во BIM проектирање, искуства и предизвици
Никола Нисев и Тања Илиевска | НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ
Почнувајќи од идејата за подигнување на квалитетот на проектирањето користејќи ги алатките за примена на BIM технологијата, оваа презентација ќе биде приказ на преминот од 2D CAD принципи во 3D BIM технологијата на проекти за индивидуални станбени и индустриски објекти.
Овој начин на проектирање е главна водечка сила на компанијата НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ, основана со цел чекор по чекор да се напушта класичниот начин на проектирање и да се пристапи кон имплементација на модерните технологии во градежното инженерство.
Блок 3 | 14:10
Влијанието на IFC технологијата врз развојот на БИМ
Трајче Стојанов | Семос Едукација
БИМ технологијата е основа на забрзаната дигитализација на изградената средина во светот.
Имплементација на бим при проектирање на индустриски објекти
Никола Нисев и Димитар Хаџиев | NEW VISION
Целта на ова предавање е да пренесе едно сопствено искуство за процесот на имплементација на БИМ при проектирање во една компанија каде што се интегрирани инженери од ралични фази од проектирањето како и осврт при реализација на еден завршен индустриски објект каде што делумно е имплементиран БИМ.
ПАНЕЛ дискусија – БИМ мандат во Македонија, искуства, предизвици и предности
Mишко Ралев | Факултет за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС
Ристо Малков | Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија
Гоце Чавкоски | BIM Solutions/ Plandata
Lars Oberwinter | Plandata
Кристинка Радевски| Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија
Трајче Стојанов | Семос Едукација – Модератор