ADTD Предавачи

Гоце Чавкоски
ВОА Акаунт менаџер, Plandata/ BIM Solutions
Сертифициран Revit и Autodesk инструктор. Основач на BIM Solutions.

Lars Oberwinter
CEO of Plandata, Plandata
Главен извршен директор во Пландата. Консултантски, едукативни и развојни услуги за водечките компании на пазарот во областа на интердисциплинарна имплементација на БИМ и оптимизација на дигиталните процеси.

Марија Чавкоска
Главен извршен директор, BIM Solutions
Дигитализација на општата болница во Виена и креирање на фамилии во Revit. Архитект на хотел Мериот и на неколку станбени згради во Скопје. Проектен надзор на административната зграда на Телеком во Скопје.

Орхидеја Малезан
Архитект, Generic 5D
Магистер инженер архитект со преку 6 години работно искуство. Бим моделатор во Генерик 5Д од август 2018 година.
Живее и работи во Охрид а високото образование го заврши на Архитектонски Факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2015 година. Во Февруари 2016 година магистрира на тематско подрачје “Архитектура во природа и природа во архитектура” со наслов на трудот “Оживување на природниот пејзаж од фигура кон поле”.

Никола Нисев
Сопственик на Нитен Инженеринг
Докторанд и соработник на Градежен факултет Скопје - Катедра за метални конструкции, раководител на градежен сектор во NEW VISION и еден од основачите на НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ.
Веќе шест години активно работи на имплементација на БИМ технологијата во градежништвото преку проектирање на станбени и индустриски објекти во софтверските пакети на Autodesk.

Тања Илиевска
Сопственик на Нитен Инженеринг
Тања Илиевска е еден од основачите на компанијата НИТЕН ИНЖЕНЕРИНГ
Својот пат во проектирањето го започнува со изработка на 2D документација, но набрзо навлегува во БИМ технологијата. Своите амбиции ги насочува кон подобрување на квалитетот на проектите користејќи ги софтверите Revit и Advance Steel. Исто така, таа е и асистент истражувач во Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Никола Стрезовски
Архитект, Масон Инженеринг
Никола Стрезовски е архитект кој е целосно посветен на проектирањето, но долг период е и во образованието како предавач и демонстратор на АФС УКИМ и ФОН на повеќе проектантски предмети, но и на предмети од областа на CAD/3D/Rendering.
Професионално е ангажиран во Масон Инженеринг, градежна компанија од Скопје, која активно воведува новитети во градежништвото. Автор е и на голем број на архитектонски проекти од сите области, како и голем број на изведени објекти. Зема учество на архитектонски конкурси, на кои има добиено 9 први места.

Трајче Стојанов
БИМ Инструктор, Семос Едукација
Архитект, БИМ консултант и БИМ инструктор во Семос.
Едукација со повеќегодишно искуство на проекти во земјава и странство.Последниве 2-3 години, тој е инволвиран во комерцијални и истражувачки проекти на полето на БИМ мандатирање и воведување на дигитални градежни дозволи базирани на БИМ.

Зоран Симјановски
Дипл.Маш.Инженер, CADONIA
Работам како оперативен менаџер во CADONIA Australia од 2016.

Димитар Хаџиев
Архитект, New Vision
Дипломиран инженер архитект при Архитектонскиот факултет во Скопје на универзитетот Св. Кирил и Методиј, својата професионална кариера ја гради во сферата на проктирање на Индустриски објекти каде што како Менаџер на својата компанија, а исто така и како главен проектант во последните 12 години раководел со повеќе од 20 поголеми индустриски проекти во и надвор од Македонија.
Како менаџер на компаниите New Vision и Molior во последните 10 години оформува тим од 16 иженери во различни области со цел да обезбеди професионална комуникација и координација помеѓу сите учесници во еден копмлексен проект како и да обезбеди средина со потенцијал за развој и на младите генерации да стекнат соодветно проектантско искуство во соработка со сите учесници.

Мишко Ралев
Декан на Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) при УАКС
Професор д-р Мишко Ралев, е еден од основачите на Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и во моментот е декан на истиот.

Ристо Малков
Архитект, АДСДП на РСМ
Надзорен инженер вработен во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.
Вклучен во изградбата на голем број станбени згради, општествени објекти и објекти од државен интерес. Поборник за воведување на БИМ во јавниот сектор, учесник на семинари и работилници на тема БИМ.

Кристинка Радевски
Архитект, Претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија
М-р Кристинка Радевски, е архитект со скоро три децениско континуирано работно искуство и активен ангажман во сите фази на професијата, почнувајќи од проектирање, ревизија, надзор, изведба и следење на усогласеноста на процесите во градбата.

Владимир Крстиќ
Oсновач и генерален директор, Smart Solutions
Владимир Крстиќ, по професија електро-инженер информатичар, е основач и генерален директор на фирмата Smart Solutions. Во текот на работењето на фирмата како проект менаџер има учествувано во реализација на стотици ИТ проекти кои вклучувале поставување на комплетни ИТ системи...

Марина Глишиќ
AEC Business Development Manager, Tech Data
Марина Глишиќ по професија е дипломиран инженер архитект и моментално работи како менаџер за развој на бизнис за AEC (Architecture, Engineering and Construction) индустријата во Tech Data.
Има повеќе од 10 годишно работно искуство во градежната индустрија во областа на проектирањето на различни видови објекти, како за домашниот така и за странскиот пазар.

Ведран Орешиќ
БИМ Консултант, Tech Data
Тој на различни начини е поврзан со БИМ веќе цела една деценија. Своето долгогодишно практично искуство со БИМ го започна во канцелариите на ‘de Architekten Cie’ каде што учествувал во многу БИМ проекти - од конкурси до реализации.. Дополнително искуство стекнал како соработник на многу БИМ проекти со различна големина и комплексност, како и имплементирање на БИМ процесите во многу архитектонски бироа.
Како консултант за БИМ, тој учествува во организацијата и имплементацијата на БИМ проектите и им помага на различните учесници сами да ги совладаат потребните БИМ вештини.
Тој е горд што како сертифициран Autodesk тренер, подучил стотици колеги на напредниот начин на работа со помош на алатките на Autodesk. Тој е активен промотор на БИМ преку различни здруженија, како и член е на Комитетот на БИМ ХКА (Хрватска Комора на Архитекти). Неодамна се приклучи на тимот на Tech Data со цел да им помогне на што повеќе колеги во преминот кон новиот начин на работа.